Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ претставен како големо засилување во Милано, го откри и плејмејкерот на кој посебно му се восхитува (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/olimpiamilano1936

Ненад Димитријевиќ денеска ја дочека својата промоција во Олимпија Милано и беше претставен со сите останати засилувања за италијанскиот великан, а тоа беше добра шанса за Нено да се запознае со фановите на клубот, но и со италијанските новинари.

Македонскиот репрезентативец пристигна во Милано после две извонредни сезони во Уникс Казањ, па во пресрет на презентацијата која денеска беше топ тема во клупските простории, Олимпија му направи и едно специјално интервју на Нено со цел што подобро да го прикаже големото летно засилување.

Во разговорот со новинарот на клупската телевизија, Димитријевиќ говори за своите почетоци, за незаборавните две години кои ги минал во Казањ, но и за честа да се бранат репрезентативните бои.

– Да се брани дресот на својата земја е секогаш посебно. Се чувствувате како да ја браните својата земја, а јас сакам да бидам лидер на теренот. Ја чувтвувам таа одговорност и навистина сакам да бидам лидер. Секако дека желбата ни е да се пласираме на следното Европско првенство, – вели Димитријевиќ, кој во интервјуто како свој идол го посочува Милош Теодосиќ.

– Отсекогаш сум ги проучувал плејмејкерите. Спанулис, Зизис…… Но, ако треба да бирам еде омилен, тоа е Милош Теодосиќ. Го сакам и Чачо, но отсекогаш сум му се восхитувал на Теодосиќ, – вели Димитријевиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни