Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ повторно со двоцифрен ефект, Милано обезбеди полуфинале во Купот

Објавено

на

Фото: https://x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано рутински го доби дербито со Виртус Болоња во четвртфиналето во италијанскиот Куп и се пласираше во следната рунда на Фајнл ејт турнирот.

Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи издоминираа во три од четирите периоди на средбата во Торино и без поголеми проблеми го елиминираа големиот италијански и евролигашки ривал.

Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 14 поени, 3 асистенции и 1 скокови, а пред него реализаторски беа само Шилдс со 19 и ЛеДеј со 16 поени.

Следен противник на Милано ќе биде Бреша, додека утре ќе бидат одиграни следните четврфинални дуели по кои ќе се формира и вториот полуфинален пар.

Полуфиналните дуели се закажани за во сабота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни