Димитријевиќ повторно одличен, Хувентуд не успеа да направи пресврт во Бреша

Neno-Bresha

Шпански Хувентуд се враќа поразен од Италија, каде вечерва загуби од Бреша со 87:83 во натпревар од УЛЕБ Еврокупот.

Нашиот Нено Димитријевиќ повторно беше најистакнат поединец во редовите на Хувентуд, но и тоа не беше доволно за поволен резултат.

Лошите втора и трета четвртина донесоа солидна предност за Бреша, а шпанскиот состав се обиде, но во последниот период не успеа да направи пресврт.

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 15 поени, 3 асистенции и 2 скока, а поефикасен од него бил само Омиќ со 17 поени.

По седум рунди, Хувентуд има скор 4:3 заедно со уште две екипи, а во групата најдобар е Уникс Казан со ефект 5:2.

Facebook Коментари