Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ повторно двоцифрен, Реал Мадрид се разбуди во последниот период

Објавено

на

Хувентуд добро му парираше на Реал Мадрид се до последниот период, па на крајот сепак загуби (101:92) на тешкото гостување во шпанското кошаркарско првенство.

Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи го добија првиот период со 18:24, имаа плус три и на полувреме, а во последниот период влегоа со предност 78:82.

Реал се разбуди кога најмногу требаше и во последната четвртина реализираше дури 36 поени, со што на крајот стигна до сигурна победа во дуелот со Хувентуд.

Димитријевиќ втор натпревар по ред беше двоцифрен, постигнувајќи 13 поени, како и 3 асистенции за нешто повеќе од 24 минути на теренот.

Рибас со 17 и Брогиански и Морган со 15 поени биле единствените поефикасни од нашиот репрезентативец, додека Љуљ бил најдобар реализатор во редовите на Реал Мадрид со 15 поени.

За Реал ова беше 30-та победа во првенството и има 60 поени на првото место, додека Хувнтуд е седми со 32 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни