Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ повторно беше најдобар, Уникс запиша втор пораз во низа

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Уникс Казањ не ја отвори новата 2024-та година онака како што ја затвори претходната, па така денеска на третиот меч го забележа вториот пораз во ВТБ лигата.

По неочекуваниот пораз од Енисеј, тимот на Нено Димитријевиќ забележа нов неуспех во истото натпреварување, овојпат на домашен терен против екипата на Парма Перм.

Во еден тесен и неизвесен меч, фаворитот загуби со 70:72 и забележа втор пораз во серија, а како и пред пет дена, повторно светла точка во тимот на поразениот тим беше нашиот репрезентативец.

Нено блескаше со 21 поен и беше најдобар поединец на паркетот, а Уникс може да жали што не реализираше напад за победа во последните секунди од средбата.

Единствена добра вест од денешниот ден за Нено и соиграчите е поразот кој го претрпе и ЦСКА Москва, бидејќи тимот на Емил Рајковиќ од Локомотив Кубан со 89:85.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни