Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ постигна 10 поени, Милано продолжи со лошите резултати во Италија

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано игра атомска кошарка во последно време во Европа и врза шест победи во низа во Евролигата, од кои последната беше на гостувањето на „Палау Блауграна“ кај Барселона.

Оваа серија на „манекените“ направи италијанскиот тим да направи сериозен исчекор на табелта, но ако ситуацијата во Европа сега изгледа навистина добро, во домашното првенство положбата е се повеќе загрижувачка.

Олимпија вечерва претрпе нов неочекуван пораз на гостувањето кај Варезе и третиот неуспех во низа направи тимот да испадне од местата кои водат во плејофот, па јасно е дека Месина ќе мора да работи и на пристапот кој го имаат неговите играчи кога се домашните настапи во прашање.

За 17 минути минати на паркетот, Ненад Димитријевиќ имаше двоцифрени број на поени и успеа да реализира седум слободни фрлања и една тројка, па со 10 поени беше петти еден од најдобрите во својот тим.

Јасно е, тоа ќе биде мала утеха за македонскиот репрезентативец и неговите соиграчи, кои веќе во следното коло ќе бидат принудени да бркаат победа против Трапани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни