Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ покажа класа против Уникс, Хувентуд го освои првото место во групата

Објавено

на

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше расположен за игра на дуелот со Уникс Казан во Еврокупот и го предводеше Хувентуд до важна победа (84:77) против рускиот ривал.

Нено мина само нецелосни 21 минута на теренот, а за тоа време успеа да постигне 23 поени, а имаше и 2 асистенции и 1 скок.

Нашиот интернационалец имаше ефект 6 од 7 за два поена, а не погреши и од линијата за слободни фрлања каде реализираше 8 поени.

Хувентуд имаше предност по завршувањето на секој период, но иако последната четвртина започна со резултат 64:61, составот од Бадалона не дозволи изненадување и со добра завршница го победи Уникс, со што си го обезбеди првото место во групата во пресрет на Топ 16 фазата.

Според ефикасноста, најблиску до Димитријевиќ беше Лопез-Аростеги со 17 поени, додека кај Уникс, Холанд реализирал 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни