Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ погоди кога беше најпотребно и донесе победа за Валенсија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше херојот на Валенсија во вечерашната победа над Андора (76-75) во првата шпанска лига.

Оваа средба беше неизвесна до самиот крај и истата ја реши токму Македонецот на пет секунди до крајот. Плејмејкерот успешно го реализираше последниот напад за „лилјаците“ за 76-75 за да потоа и ја собере топката која ја загуби Хана за потврда на четвртиот триумф во седмиот натпревар.

Нено беше автор на 14 поени, 6 скока и 2 асистенции, најефикасен беше Хермансон со 20 кошеви. Кога е во прашање пак Андора на нив не им беа доволни за позитивен резултат ниту 33 поени на Хана.

Валенсија овој месец во АЦБ лигата ќе го заокружи на домашен терен против Реал Бетис на 31 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни