Поврзете се со нас

Евролига

Димитријевиќ подготвен за битката со Партизан: Посебно е чувството…

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано оваа вечер му гостува на Партизан во рамките на 10. коло во Еввролигата, меч кој дефинитивно е посебен за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Нено е фан на „црно-белите“ и тоа не го крие, неговото име често беше и споменувано како потенцијално засилување, па сега како противник ќе може да се соочи со омилениот клуб и тоа во Белград.

-Подготвен сум, едвај чекам. Кога излезе распоредот и кога видов дека играме со Партизан, реков „ќе биде наскоро“. Навистина сум возбуден и едвај чекам да почне натпреварот и да ја почувствувам таа атмосфера, посебно е чувството да се игра во неа.

-Ги следам сите натпревари во Евролигата кога не играм, односно кога имам слободно време. Деновиве се подготвувавме за нив. Како и ние, тие имаат многу нови играчи, се уште се прилагодуваат еден на друг. Загубија неколку тесни натпревари кои требаше да ги добијат, можеме тоа да го кажеме, -истакна Димитријевиќ кој откри дека никогаш немало ништо конкретно со Партизан и покрај пишувањата на медиумите.

-Никогаш немало ништо конкретно. Тоа би било најреално. Навивав за Партизан. Сакав да играм во Партизан, но никогаш немаше „дојди“. Не беше понуден договор, -порача Нено за „Спорт Клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни