Поврзете се со нас

Европски првенства

Димитријевиќ по лудата партија против Литванците: Бадијала моите поени кога не победивме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Членот на Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ одигра страшна партија за македонската репрезентација во Клаипеда, постигна 43 поени со скока и 6 асистенции, но и тоа не се покажа како доволно за нашиот национален тим да се избори за поволен резултат против Литванците.

Димитријевиќ буквално играше сам против домашниот тим, ја носаше на грб македонската селекција, ама се повреди на шест минути до крајот по што следуваше распад и тежок пораз за Македонија од 94:72.

-Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо, -порача Димитријевиќ по натпреварот.

Неверојатна партија на Димитијевиќ во Клаипеда, Македонија се распадна по неговата повреда

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни