Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ: Ова беше специјален меч за мене, ми се оствари сонот кога го запознав Обрадовиќ

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ од оваа сезона е дел од Уникс Казан, тим со кој го освои третото место на ВТБ Суперкупот.

Супер партија на Македонецот: Разиграниот Димитријевиќ го растури Партизан

Најзаслужен за тоа беше токму македонскиот репрезентативец кој блесна со 30 поени (5/5 за еден, 8/9 за два, 3/5 за три) 1 скок, 1 асистенција и 3 украдени топки против составот на Партизан (83-77) со што го провлече вниманието на медиумите кај нашиот северен сосед.

Плејмејкерот имаше кратко интервју за „Моцарт Спорт“ во кое обелодени дека е голем фан на „црно-белите“, исто како и неговото семејство.

-Нема да кријам, од мал сум за Партизан. Мојот дедо навива за Партизан, исто и мојот татко кој е поранешен играч, а сега тренер. Бев во Арена, навивав за Партизан на натпреварите од Евролигата. Ова беше специјален меч за мене, -рече Нено на кого му е драго што го познава Жељко Обрадовиќ.

-Секогаш го гледав Панатинаикос со татко ми поради Жељко, кого татко ми го обожава. Кога го запознав Жељко, мојот сон се оствари. Познавам неколку момци од Партизан, мислам дека ќе имаат добри резултати оваа сезона. Од се срце им посакувам титули, -вели Димитријевиќ кој се надева дека ќе се наметне и ќе биде еден од лидерите на рускиот тим во престојнава кампања.

-Има разлики во лигите, но полека, се уште се прилагодувам. Треба да бидам трпелив и да се концентрирам на напредокот, индивидуално и секако тимски. Тоа го очекувам од себе, да покажам на теренот дека можам да помогнам, -заклучува нашиот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни