Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ отвори со дефанзивна „банана“ против поранешниот тим, Валенсија загуби во дербито (Видео)

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ беше еден од шесте играчи кои постигнаа двоцифрен број поени на натпреварот меѓу Хувентут и Валенсија, што воедно значеше пресметка меѓу поранешниот и актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец.

Популарниот Нено доста ангажирано го започна дуелот и залепи „банана“ уште во првата акција на тимот од Бадалона, но на крајот мораше да им подаде рака на своите поранешни соиграчи.

Валенсија претрпе пораз на гостувањето од 76:68, а бидејќи стануваше збор за тимови кои беа изеданчени на табелата со поени пред мечот, Хувентут направи скок и се искачи на четвртото место во Ендеса Лигата.

Нено мина речиси 20 минути на паркетот и постигна 11 поени, што направи да биде трет најдобар поентер во Валенсија зад Препелиќ со 13 и Хермансон со 12 поени.

Кај победничкиот тим, Рибас беше лидер со 15 поени, следен од Вивес со 13 и Бродзијански со 11.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни