Свет
Димитријевиќ одново блескаше во убедливата победа на Уникс

Ненад Димитријевиќ стандардно е меѓу најдобрите играчи на Уникс Казан на било кој натпревар во ВТБ лигата, а играчот кој беше МВП минатата сезона продолжи во ист тренд и денеска.
Македонскиот репрезентативец одигра одличен меч против Астана, па откако доминираше на паркетот, имаше време и да одмори во последната четвртина во која веќе се знаеше победникот.
Актуелниот шампион во ВТБ лигата победи со 96:65, а Нено за 20 минути на паркетот запиша 14 поени, седум асистенции и четири скокови.
Покрај ова, Димитријевиќ украде и две топки во периодот додека беше на теренот, што беше доволно за петта победа на шест одиграни меча во ова натпреварување.
Уникс во моментов е на второто место, а прва е ЦСКА на Емил Рајковиќ која е стопроцентна со „седум од седум“.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него