Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ одличен во драматичната победа над Партизан

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд на драматичен начин и победа над Партизан го отворија настапот за оваа сезона во Еврокупот.

Шпанскиот претставник го доби првиот период со 21-17 по што следните два им припаднаа на гостите од Белград кои во завршните десет минути влегоа со позитива од 71-61. Многу неизвесна беше последната четвртина, домаќините успеаа да притиснат и на крајот да се изборат за конечен триумф од 85-82.

Еден од најдобрите на теренот кај победникот беше нашиот репрезентативец Димитријевиќ со 14 кошеви со што беше втор стрелец зад Рибас со 18 кошеви. Нено зад своето име додаде уште 4 асистенции, 1 украдена и 1 загубена топка.

Најефикансе кај „црно-белите“ беше Томас со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни