Поврзете се со нас

Европски првенства

Димитријевиќ: Нема да можам да играм на првиот меч во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Ненад Димитријевиќ е една од двете евролигашки ѕвезди кои настапуваа за македонската кошаркарска репрезентација, но поради клупските обврски кои ќе ги има против Макаби на 21-ви овој месец, сега самиот потврди дека нема да игра на првиот меч против Литванија.

Македонија ќе одигра двомеч против оваа селекција во ноемврискиот „прозорец“, а ако со сигурност го пропушта мечот во Скопје, Нено верува дека ќе стигне навреме за оној во Клаипеда кој се игра три дена подоцна.

Овие квалификациски натпревари за Евробаскетот доаѓаат во период кога Димитријевиќ влегува во посакувана форма во новата средина, па навистина важно би било да му се приклучи на тимот за вториот меч.

– Нема да можам да играм на првиот меч против Литванија кој се игра на 21-ви ноември. Истиот ден играме против Макаби во Еврологата, па нема да можам да стигнам во Скопје.

– Се надевам дека ќе играм во Литванија три дена подоцна. Се надевам дека ќе бидеме компетитивни, победа против Литванија многу би ни значела. Би сакал да имаме шанси за пласман на натпреварување какво што е Евробаскетот, – вели Нено во интервјуто за „Спорт клуб“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни