Европски првенства
Димитријевиќ нема да игра против Естонија, Тодоров порачува: Никој нема да се сеќава…

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Италија и остана во игра за билетот кој води на Европското првенство.
За да дојдеме до Евробаскетот ќе мора прво Русија да слави над Естонија, а потоа ние утре да славиме над Естонците со двоцифрена разлика и тоа без услугите на Ненад Димитријевиќ. Најдобриот наш играч се повреди на денешната средба, а селекторот Александар Тодоров обелодени дека нема да биде подготвен за утрешната битка во Перм.
-Многу важна победа за нас, пред сè бидејќи ни дозволува да сонуваме до утре. Италија играше одлично прво полувреме, погоди девет тројки од 14 шута, постигнаа 53 поени и се и одеше од рака. Во соблекувалната, на полувреме зборувавме дека тоа не се реални проценти, во второто полувреме погодија 3/11, и во вторите 20 минути примивме двојно помалку поени.
-Уште еднаш ќе потенцираме дека нашата репрезентација е во процес на конструкција, дека во неа се вклучуваат некои млади деца, но никој нема да се сеќава на оваа победа, ако утре не победиме. Утре ќе имаме два тешки противника: силната естонска репрезентација и нашиот замор кој е уште поголем проблем, особено ако знаеме дека ќе играме без Ненад Димитријевиќ, -истакна Тодоров.
-
Шпанијапред 19 часа
Бензема: Не очекував дека ќе го дочекам ова во Реал
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти исклучи првотимец од тренингот, разочарувањето кај играчот за врска беше големо (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Бензема погоди и во Хелсинки и го надмина Раул на вечната листа (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона следната недела
-
Англијапред 24 часа
Тухел најмногу жали за една промена во клубот: Ми недостасува легендата на Челси
-
Италијапред 14 часа
Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку
-
Шпанијапред 24 часа
Прошталната порака на Гуедеш ги разбесни фановите на Валенсија (Фото)
-
Македонијапред 23 часа
Легендите живеат вечно: Почина Кирил Дојчиновски, првиот Македонец кој беше дел од СП