Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ најефикасен, Хувентуд не успеа да го победи Сан Пабло

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ доби поголема минутажа во редовите на Хувентуд, но неговиот двоцифрен учинок не беше доволен за позитивен резултат на гостувањето кај Сан Пабло Бургос.

Дербито меѓу две екипи кои се борат за висок пласман го добија домаќините со 86:78, а на Хувентуд не му помогна ниту одличниот прв период кој го заврши со седум поени предност.

Домашниот состав доминираше во следните дваесет минути и си го обезбеди триумфот, за да ја задржи позицијата на табелата пред составот од Бадалона.

Македонскиот репрезентативец мина над 30 минути на теренот, при што постигна 16 поени, а имаше и 3 скокови и 5 асистенции, а со тоа беше и најдобар реализатор во гостинскиот тим.

По 29 одиграни натпревари во шпанската кошаркарска лига, Сан Пабло е на петтото место со четири поени повеќе од Хувентуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни