Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ најдобар стрелец, Хувентуд ја прегази Манреса

Објавено

на

Хувентуд оствари втора победа по ред против квалитетен противник, а вечерва составот на нашиот Ненад Димитријевиќ беше убедлив во дуелот со Манреса (96:68).

Тимот од Бадалона постојано го контролираше резултатот, а го прегази противникот во второто полувреме, на крајот добивајќи го дуелот со речиси триесет поени позитива.

Димитријевиќ повторно беше најдобар реализатор во неговата екипа, го заврши натпреварот со 14 поени, а оствари и 3 асистенции и 2 скока, а зад него останаа Биргандер со 13 и Басас со 12 поени.

Итертон со 16 поени бил најефикасен кај Манреса и воопшто на натпреварот.

Со оваа победа, Хувентуд се зацврсти на седмото место, зголемувајќи ја предноста токму пред Манреса со шест бодови повеќе на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни