Европски купови
Димитријевиќ најдобар реализатор, Хувентуд го доживеа првиот пораз во групата

Ненад Димитријевиќ беше расположен, но неговиот Хувентуд не успеа и вторпат да го совлада Монако во дербито на групата во Топ 16 фазата на кошаркарскиот Еврокуп.
Гостите од Бадалона славеа против истиот тим на домашен терен, но сега се соочија со многу подобра игра на противникот во одбрана, па Монако оствари победа со убедливи 97:82.
Првото полувреме мина во рамноправна игра, по која Монако имаше минимална предност (46:45), но домаќините одиграа многу подобар трет период во кој веќе имаа предност 68:58.
Хувентуд не успеа да парира ниту во последната четвртина, па Монако само ја зголеми предноста за поубедлива победа над најголемиот ривал за првото место во групата.
Димитријевиќ беше најдобар реализатор во поразената екипа со 15 поени, а имаше и по 4 скокови и асистенции на оваа средба. Во победничкиот тим, Греј со 23 и О’Брајан со 21 поен го предводеа Монако до триумфот вечерва во Еврокупот.
По ова коло, Монако и Хувентуд се израмнети на првото место во својата група со ефект 3-1.

- Шпанијапред 21 час
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 23 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Англијапред 21 час
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 20 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 24 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Англијапред 22 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал
- Шпанијапред 18 часа
Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)
- Англијапред 10 часа
Сколс шокиран од заклучокот на Тухел: Дефинитивно гледал друг натпревар!