Димитријевиќ најдобар против „кралевите“, Реал го прегази Хувентуд во последната четвртина

neno

Хувентуд цели три четвртини одлично му парираше на големиот Реал Мадрид и усепаваше да се одржи во егал ситуација, но сепак, комплетниот пад во последниот период ја фрли во вода добро сработената работа дотогаш, па така тимот од Бадалона на крајот претрпе тежок пораз од 23 разлика (92:69).

Во последната четвртина се влезе со резултат 65:60 за фаворитот, но Хувентуд во овој дел од играта постигна само девет поени, а на спротивната страна, разиграните „кралеви“ уфрлија 27 што направи огромна разлика во конечниот резултат.

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше најдобар во својот тим со 15 постигнати поени за 25 минути минати на паркетот, а покрај него, двоцифрен беше и Лавпровитола со 12 поени.

 

Facebook Коментари