Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ најдобар асистент, Валенсија го растури Будуќност (ВИДЕО)

Објавено

на

Валенсија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му одржа вистинска лекција на Будуќност (103-76) во рамките на 11. коло во Еврокупот.

Домаќините беа максимално мотивирани, одиграа ангажирано од првата до четвртата четвртина и сосема заслужено забележаа убедлив триумф со кој на најдобар можен начин му се одмаздија на црногорскиот претставник за тесниот пораз во Подгорица (71-70).

Нашиот Димитријевиќ не форсираше на оваа средба кога е во прашање шутот и упати само четири удари за два поени и заврши со четири коша. Меѓутоа затоа максимално ги разигруваше соиграчи и забележа шест асистенции со што беше број еден кога е во прашање оваа категорија.

Хермансон со 16 и Риверо со 15 поени беа најфикасни играчи кај Валенсија, Кобс и Мицов кај поразените дадоа по 15 кошеви.

Валенсија со учинок 8-3 е на првото место во групата Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни