Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ најдобар асистент против Гран Канарија

Објавено

на

Составот на Хувентуд игра топло-ладно во АЦБ лигата, а уште еден доказ за тоа е вечерашниот дуел против Гран Канарија кого го загубија на домашен терен со 103-84.

Минатото коло избраниците на Дуран славеа над евролигашот Валенсија со 102-89, меѓутоа работите денеска се сменија и едноставно не можеа да го пратат ритамот на противникот кој беше тивок само во третиот период во кој даде само 17 поени (34-17).

Килпатрик со 20 кошеви го предвоеше победникот, искусниот Томиќ пак за клубот од Бадалона уфрли 19 поени со 7 скокови.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше автор на 13 поени за 25 минути на паркетот, плус собра 4 скока и 6 асистенции со што беше најдобар во оваа категорија на натпреварот.

Хувентуд во следното коло му гостува на Сан Пабло Бургос.

Активен беше и центарот Џејкоб Вајли кој реализираше 5 поени со 3 скока во поразот на неговата Сарагоса против Валенсија (85-76).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни