Свет
Димитријевиќ најдобар асистент, Милано во победничка серија во домашниот шампионат
Олимпија Милано се мачи во Евролигата, но сосема поинаква е приказната во домашниот шампионат каде е во одличен ритам и потврда за тоа е четвртата победа над низа.
Последна „жртва“ на избраниците на Месина беше составот на Наполи кој беше совладан со 89:82. Популарните „манекени“ водеа со 39:35 по првото полувреме, предност која ја задржаа и надградија во вториот дел за оправдување на фаворитската улога.
Брукс со 20 и Миротиќ со 13 поени беа најефикасни кај победникот за кој нашиот Ненад Димитријевиќ уфрли 4 поени со 2 скока и 5 асистенции со што беше најдобар во оваа категорија.
Сега за Милано следат два предизвици во Евролигата, против Басконија и Виртус Болоња.
-
Шпанија22 часа
ВАР поништи гол за Барселона под сомнителни околности, лидерот падна во Баскија (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Ханси Флик: Не бев бесен, му кажав само една работа на судијата за милиметарскиот офсајд на Левандовски
-
Англија10 часа
Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него
-
Италија11 часа
Конте бесен по дербито со Интер: Вакви одлуки поттикнуваат теории на заговор! (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ со брутално издание ја доби кошаркарската драма со Дончиќ (Видео)
-
Англија12 часа
Артета лут: Ова не се стандардите кои ги наметнавме
-
Европски првенства21 час
Лазаров: Нема простор за паника, имаме јасно поставена цел!
-
Италија23 часа
Ултрасите на Рома удрија по сите по најновиот пораз на клубот: Вие сте неспособни и недостојни…