Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ му го расипа роденденот на Јасикевичиус, Валенсија ја урна залетаната Барселона

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија направија изненадување и ја совладаа Барселона со 86-76 во вечерашниот првенствен меч во шпанскиот шампионат.

Барселона влегоа во денешниот натпревар во „Ла Фонтета“ со 12 победи во низа (сите конкуренции) и со голема самодоверба, но домаќините беа далеку поодморени со оглед на тоа што одмараа од 18 февруари.

Токму ова го искористија избраниците на Пенароја пред сево вториот дел во кој третиот и четвртиот период ги добија со 24-19 и 22-15 што беше доволно за да падне Барселона во нивниот дом.

Еден од главните играчи за овој резултат на Валенсија беше токму нашиот Димитријевиќ кој со 16 поени, 4 скока и 7 асистенции буквално му го уништи роденденот на тренерот на Барселона Шарунас Јасикевичиус кој денеска го слави 46 роденден.

Добра партија имаа уште Тоби со 17 и Риверо со 14 кошеви. Кај Барса Дејвис и Миротиќ искомбинираа 27 поени.

Валенсија со учинок 13-7 е на 4 место во АЦБ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни