Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ меѓу најдобрите, Милано преку драма до трофејот во Супер Купот на Италија

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ го освои првиот трофеј во натпреварувачката 2024/2025 и тоа во рамките на Супер Купот на Италија каде во големото финале го доби ривалот Виртус Болоња со 98:96.

Ова беше дуел на две екипи кои одново ќе го имаат главниот збор во италијанската кошарка и во новата кампања, ќе решаваат нијанси, моменти на инспирација, а потврда за тоа беше и денешниот меч на кој „манекените“ славеа по дополнителните минути.

Во основниот дел двете екипи добија по две четвртини, па на крајот беше 84:84 по што се играше продолжение во кое четата на Месина со 14:12 дојде до славје, поточно му го донесе петтиот пехар на клубот во ова натпреварување.

Нашиот Димитријевиќ одново беше меѓу најдобрите на теренот со 16 поени, 5 скока и 6 асистенции, Миротиќ и Болмаро уфрлија по 18, а Нибо 20 кошеви.

Полонара на другата страна беше автор на 18 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни