Димитријевиќ со мајсторски потег му донесе драматична победа на Хувентуд (Видео)

neno so topka

Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар во дресот на Хувентуд и му донесе тешко извоена победа на својот тим во дуелот со Нантер во рамките на УЛЕБ Еврокупот.

Нантер речиси цел натпревар имаше водство на гостувањето во Бадалона, но Хувентуд одигра добро во завршните минути и ги израдува своите фанови.

Французите имаа поен предност, но последниот напад му припаѓаше на Хувентуд, а одговорноста ја презема македонскиот кошаркар кој на 4,6 секунди до крајот успеа да погоди со положување и да изнуди лична грешка. Димитријевиќ го реализираше слободното фрлање и ги постави конечните 79:77, откако во последниот напад обидот на Нантер беше одлично изблокиран.

Димитријевиќ беше најдобар стрелец со 23 поени, 5 асистенции и 1 скок, а за Хувентуд ова е четврт победа во Еврокупот.

Facebook Коментари