Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ лидер во победата на Милано над Сасари

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ го предводеше неговиот тим Олимпија Милано до победа над Сасари од 78:72 во првата италијанска лига.

„Манекените“ во претходните денови одиграа два натпревари во Евролигата, па иако добро се потрошија пронајдоа сили да слават на ова гостување. Гостите влегоа со десет поени предност во завршниот период во кој домаќините притискаа и во еден момент дури и го преземаа водството, но избраниците на Месина го имаа последниот збор и успеаа на крајот да го затворат ова соочување со посакуваниот резултат.

Димитријевиќ беше прв стрелец со 15 поени, собра 9 скока и забележа 2 асистенции. Зад него останаа Болмаро и Ледеј со по 14 кошеви.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни