Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ ја потврди класата во првата победа на Милано во домашното првенство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OlimpiaMI1936

Армани Милано имаше успешно деби на домашен терен во новата сезона од италијанската кошаркарска лига и пред своите фанови стигна до рутинска и убедлива победа над Сасари (100:75).

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од стартната петорка на искусниот стручњак Еторе Месина, а во текот на натпреварот имаше клучна улога во моментите кога фаворитот го кршеше отпорот на гостите од Сардинија.

Гостите ги постигнаа првите поени, но до крајот на периодот евролигашот стигна до предност 23:14, а се чини дека го реши победникот уште до полувреме со резултатот 34:17 во вториот период од мечот.

Димитријевиќ помина 18 минути на теренот (воопшто не играше во последниот период) и стигна до ефект од 10 поени, 6 асистенции и 5 скокови, додека одличниот настап успеа да го надгради и со три украдени топки од противничките играчи.

ЛеДеј и Миротиќ со нешто поголема минутажа и 15 постигнати поени беа најефикасни во редовите на победничкиот тим, кој ја оствари првата победа сезонава, откако на стартот доживеа пораз на гостувањето кај Трст.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни