Поврзете се со нас

Евролига

Димитријевиќ ја оправда големата минутажа, Милано колабираше во финишот во Берлин

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OlimpiaMI1936

Армани Милано водеше речиси цел натпревар на гостувањето кај АЛБА, често имаше и двоцифрена предност, но на крајот загуби (105:101) во продолжението во „Убер“ арената во Берлин.

Нено Димитријевиќ доби најголема минутажа досега од Еторе Месина, но и покрај одличниот учинок, италијанскиот тренер го „казнуваше“ Македонецот со повлекување од игра по речиси секоја од петте грешки кои ги направи во нападот за 31 минута на теренот.

Димитријевиќ постигна 14 поени, имаше и 5 асистенции и 2 украдени топки, но во финишот колабираше нападот на Милано, во чии редови беа направени грешки, а клучната ја направи Козер со непотребна лична грешка во напад.

Алба избори продолжение, не искористи и шут за победа, а во дополнителните пет минути, германскиот тим беше подобар противник и заслужено стигна до победата.

Миротиќ со 28 и ЛеДеј со 23 поени беа најефикасни во редовите на гостите, додека кај АЛБА се истакнаа Прочида со 29, Вилијамс со 23 и Матисек со 21 поен.

За АЛБА ова беше само втора победа, додека Милано сега има ефект 3-6 во Евролигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни