Димитријевиќ измами тројца играчи на Дарушафака, па со мајсторска асистенција ја крена публиката на нозе (Видео)

neno so topka

Екипата на Хувентуд успеа да забележи победа над Дарушафака во Еврокупот и тоа со лудата тројка на Клемен Препелиќ пред звукот на сирената за конечни 85-82.

Ова беше дуел на кој квалитетно одигра и нашиот Димитријевиќ кој реализираше 8 поени со 2 скока, 3 асистенции за 16 минути на паркетот, а еден негов потег се најде во центарот на вниманието и беше одбележан од официјалната страна на Еврокупот.

Нено во последниот период повлече кон себе тројца противнички играчи, па мајсторски го проигра Керем Кантер кој погоди тројка за ерупција на публиката во Бадалона.

Facebook Коментари