Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ испрати емотивна порака по најголемиот трансфер во кариерата (Фото)

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ веќе неколку години наназад ја воодушевува кошаркарската јавност во Шпанија, која ќе продолжи и натаму да ужива во мајсториите на репрезентативниот плејмејкер, кој денеска го официјализираше најголемиот трансфер во кариерата.

Популарниот Нено стави крај на една фантастична етапа со Хувентуд и си заминува од Бадалона по цели пет сезони, а во новата натпреварувачка кампања ќе биде дел од еден од најсилните тимови во шпанската лига.

Валенсија денеска со огромно задоволство го претстави Димитријевиќ како прво големо засилување за следната сезона, па за очекување е 23-годишниот кошаркар да забележи уште позначаен прогрес во секој елемент со оглед на повисокото ниво на кошарка кое владее во „Ла Фонтета“.

– Жртвата, болката, омразата, сомнежот, љубовта и поддршката од моето семејство и моите најблиски е она што ме доведе тука, онаму кадешто сакам да бидам.

– Пресреќен сум што се приклучувам на Валенсија. Супер возбуден сум за новата сезона, не можам да дочекам да започне истата, – гласи првата порака која ја испрати Нено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни