Свет
Димитријевиќ испорача „десетка“, Хувентуд влезе во резултатска криза

Неделната програма во шпанската Ендеса лига стартуваше со дуелот меѓу Гран Канарија и Хувентуд, а во резултатски неизвесниот дуел, на крајот како пресудна се покажа последната четвртина.
За жал, тимот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го претрпе третиот пораз во низа во домашното првенство, откако истиот потклекна во одлучувачките моменти и го загуби последниот период 22:14 што беше решавачко за неуспехот од 96:85.
Составот од Бадалона влезе во резултатска криза и тоа се одрази на паркетот и ова попладне во Гран Канарија, па така по денешниот пораз и оној од Валенсија и Сан Пабло Бургос, Хувентуд падна на седмото место на табелата.
Нашиот Нено денеска мина речиси 19 минути на паркетот откако не доби шанса во првата четвртина, а тоа време беше доволно за да биде двоцифрен и четврт најдобар поентер во својот тим.
Димитријевиќ уфрли 10 поени, Бродзиански и Аростеги имаа по 14, Томиќ, 13, додека најефикасен на теренот беше играчот од домашниот тим, Стевиќ со 15 поени.

- Светпред 19 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 23 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 22 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 21 час
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- НБАпред 24 часа
Јанис трипати го „прелета“ Јокиќ, но доби кошаркарска лекција за возврат (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 20 часа
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија