Свет
Димитријевиќ испорача дабл-дабл учинок, Олимпија Милано го доби дербито
Ненад Димитријевиќ со уште едно одлично издание го предводеше тимот на Олимпија Милано до победа, овојпат во италијанскиот шампионат каде беше совладан составот на Венеција со 79:78.
Македонскиот репрезентативец пред неколку дена блескаше против Реал Мадрид во Евролигата, а тој ритам го задржа и во дербито во Лега А каде беше лидер, најдобар играч на „манекените“ со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 асистенции, плус собра и 1 скок.
Домаќините имаа комплетна контрола три четвртини и по 30 минути игра водеа со 66:49, меѓутоа избраниците на Месина одново покажаа слабости кога беше најмалку потребно, се загубија во завршниот период и малку фалеше да бидат шокирани, поразени на крајот во својот дом.
Зад Нено беа Ледеј и Болмаро со по 16 поени, додека пак Кабангеле имаше 18 поени и 11 скока кај поразените.
-
Шпанија16 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Формула 116 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет15 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
НБА18 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Англија19 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)
-
Италија17 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Шпанија14 часа
Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец