Димитријевиќ испорача дабл-дабл, Хувентуд не успеа да победи во Бургос

neno

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Нено Димитријевиќ одигра уште една одлична партија во дресот на Хувентуд, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Сан Пабло Бургос (92:89).

Средбата од шпанското првенство одиграна во Бургос донесе многу поени, но и завршница во која домаќините успеаја да стигнат до посакуваниот ефект и ги освоија бодовите.

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 17 поени, 10 асистенции и 4 скокови, но за жал и тоа не беше доволно за триумф на составот од Бадалона. Поефикасен од него бил само Препелиќ со 34 поени, а кај победничкиот тим се истакнал Риверо со 15 поени и 7 асистенции.

За Хувентуд ова е втор пораз по ред на гостувањата, па сега е на 12. место со 8 победи и 10 порази во АЦБ лигата.

Facebook Коментари