Свет
Димитријевиќ и Валенсија во победнички ритам

Валенсија на Ненад Димитријевиќ влезе во победнички ритам, а најновата жртва е составот на Морабанк Андора кој беше совладан во АЦБ лигата со 81-76.
Ова за тимот од „Ла Фонтета“ беше петто славје во серија (сите конкуренции), односно со вечерашното се израмни со второпласираниот Реал Мадрид во шпанскиот шампионат. Најрасположен за игра беше црногорскиот интернационалец Дубљевиќ со 19 поени и 8 скока, Тоби додаде 11, а по 10 кошеви дадоа Риверо и Лопес-Аростеги.
Нашиот Димитријевиќ немаше своја вечер и за десет минути на теренот ги промаши сите пет удари за три поени, собра 2 скока и запиша 2 асистенции.
Кај поразените се издвои Милер-Мекинтер со 15 поени.
Валенсија со следното коло се соочува со Гран Канарија.
-
Шпанијапред 9 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 10 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 5 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 13 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 12 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 10 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 16 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус