Свет
Димитријевиќ и Валенсија спогодбено раскинаа по брилијантната сезона на Македонецот (Фото)

Ненад Димитријевиќ зад себе остава неверојатна сезона во која беше избран за МВП во клучниот дел од сезоната во Русија, во која успеа да дојде и до титулата во ВТБ лигата.
Нено е македонскиот кошаркар кој игра во најдобра форма и партиите за Уникс Казањ го потврдија таквиот статус, но сепак тоа не беше доволно добра препорака за клубот за чиј член важи од 2021-ва година.
Димитријевиќ ја мина оваа сезона на позајмица во Русија, но Валенсија денеска извести дека се договориле за превремен раскин на договорот со Македонецот, што значи дека плејмејкерот од денеска е слободен агент.
Нено потпиша за Валенсија пред две години и мина една сезона во шпанскиот клуб, пред да биде испратен на заем во Русија каде го прикажа своето најдобро светло, кое му помогна да стана атрактивен на трансфер пазарот.
Македонецот е навистина популарен и за неговите услуги се заинтересирани неколку сериозни клуба, меѓу кои и српски Партизан.
¡Gracias y suerte, @Neno_D7!
Cas 👉 Neno Dimitrijevic se desvincula de Valencia Baskethttps://t.co/LHAX672c3X
Val 👉 Neno Dimitrijevic es desvincula de Valencia Baskethttps://t.co/z1rC9sO2Vv
Eng 👉 Valencia Basket part ways with Neno Dimitrijevichttps://t.co/OPje3H6NdC pic.twitter.com/Pzw7OeMwfU
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) June 4, 2023
-
Светпред 17 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 20 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 19 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 20 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откри зошто му се налутил на Винисиус
-
Шпанијапред 17 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 18 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава