Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ и Валенсија претрпеа нов тесен пораз од Гран Канарија (ВИДЕО)

Објавено

на

Валенсија на нашиот Ненад Димитријевиќ ја загуби и втората сезонска битка против Гран Канарија во Еврокупот.

Во драматичен и неизвесен меч во кој се играа дополнителни пет минути Гран Канарија се избори за триумф од 91-90. Со ова клубот од Лас Палмас само потврди дека е незгоден ривал за Нено и компанија во ова натпреварување со оглед на тоа што и првата битка во „Ла Фонтета“ ја доби тесно со еден резлика (90-89).

Слотер со 23 и Диоп со 18 поени беа први стрелци кај Гран Канарија, додека на спротивната страна во најдобро светло се претстави Препелиќ со 18 кошеви.

Димитријевиќ пак беше автор на 7 поени, 2 скока и 5 асистенции.

Валенсија во следната рунда ја дочекува екипата на Виртус Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни