Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс вторпат по ред немаа решение за ЦСКА

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ беше на асистенција до дабл-дабл учинок, но неговиот Уникс повторно не можеше да му се спротивстави (83:94) на големиот ривал ЦСКА Москва во финалната серија на плејофот во ВТБ кошаркарската лига.

Гостите од Москва го добија првиот период со убедливи 23:8, па уште од тие моменти најавија кој ќе го диктира темпото, а Уникс со неубедливата одбрана одвреме навреме успеваше само да стопи дел од убедливата негатива.

Предноста на ЦСКА во текот на цел натпревар беше солидна и носеше мирна игра за гостинскиот состав, кој може да се пофали и со 25 уфрлени тројки со процент на реализација 62.5%.

Димитријевиќ на крајот го заврши дуелот со 18 поени, 9 асистенции, 1 скок и 1 украдена топка, а поефикасен од него беше само Најт со 22 поени.

Во редовите на победничката екипа, реализаторски лидер беше Тримбл со 20 поени. ЦСКА ќе биде домаќин на следните две средби и сега веќе има голема предност од 2:0 во финалната серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни