Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс го прегазија Зенит во првата полуфинална битка во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.facebook.com/unicsbasket

Уникс Казан на нашиот Ненад Димитријевиќ му одржа лекција на Зенит (94-67) во првата полуфинална пресметка во ВТБ лигата.

Избраниците на Перасовиќ го искористија домашниот терен и комплетно го надиграа противникот, ги добија сите четири четвртини и дефинитивно оваа партија ќе им ја крене самодовербата пред следните дуели од кои наредниот е закажан за 18 април.

Рејнолдс со 16 и Лабери со 15 поени беа најфикасни, двоцифрени беа уште Најт и Зајцев со по 12 кошеви.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ пак за 21 минута на паркетот уфрли 8 поени со 1 скок, 6 асистенции и 1 украдена топка.

Кај поразените Хомсли беше најсветла точка со 25 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни