Свет
Димитријевиќ и Милано обезбедија финале во Купот на Италија

Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ успеа да обезбеди билет за финалето во Купот на Италија.
Во денешното полуфинале популарните „манекени“ беа подобри од составот на Бреша со 74:69. Натпреварот беше изедначен три четвртини (52:51 за Бреша), но потоа евролигашот заигра најдобро кога беше најпотребно и се стекна со двоцифрена предност во завршниот период за да потоа предноста ја одбрани и дојде до место, односно на еден чекор од трофејот во ова натпреварување.
Лидери беа Шилдс и Миротиќ со 19 и 14 поени, Димитријевиќ пак за 11 минути на теренот уфрли 4 кошеви и забележа 1 асистенција.
Кај Бреша се издвои Ндур со 20 поени.
Ривал на Милано во финалето ќе биде подобриот од Тренто и Трст.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)