Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ и Хувентуд со победа ја заокружија првата фаза во Еврокупот

Објавено

на

Хувентуд на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со убедлива победа над француски Бург од 90-75 ја заокружи првата фаза во Еврокупот.

Составот од Бадалона успеа уште во првиот дел да создаде двоцифрена предност (46-32), предност која беше преголем залак за гостите кои во третиот период намалија дел од негативата (68-58), меѓутоа тоа не беше доволно затоа што домаќините го имаа последниот збор и на крајот се изборија за триум изразен со 15 кошеви разлика.

Димитријевиќ доби 23 минути за кои уфрли 13 поени, 2 скока, 5 асистенции, 1 украдена и 3 загубени топки. Лопес-Аростеги со 23 поени беше најдобар поединец кај Хувентуд кој со учинок 8-2 оди во Топ 16 фазата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни