Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Хувентуд прокнижија нова победа

Објавено

на

Составот на Хувентуд за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ дојде до 12 победа во 21 сезонски натпревар во најсилната шпанска кошаркарска конкуренција.

Клубот од Бадалона се избори за гостински триумф над Мурсија од 91-84 во средба во која предноста и позитивниот резултат го градеа од четвртина во четвртина. Четворица играчи беа двоцифрени кај победникот, листа која ја предводеше центарот Томиќ со 18 поени на кои додаде 9 скокови и 5 асистенции.

Нено имаше скромен учинок од два поени со еден скок, ама на паркетот беше само девет минути.

Димитријевиќ и компанија со 24 бода се на 7 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни