Европски купови
Димитријевиќ и Хувентуд победнички ја решија драмата со Уникс за „пет од пет“ во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ja прокнижија и петтата победа во Еврокупот, а најнова жртва им беше рускиот претставник Уникс Казањ кого го совладаа на негов терен со 93-91.
Гостите од Бадалона на оваа средба настапија без двајца важни играчи Пау Рибас и Анте Томиќ, но и без нив Хувентуд уште еднаш потврди дека е одличен колектив, тим во кој владее добра хемија и по една вистинска драма и дополнителни пет минути славеше на ова тешко гостување за пет од пет во ова натпреварување.
Домаќините се изборија за продолжение со кошот на Кенан на 10 секунди до крајот, но во дополнителните пет минути Нено и компанија одново одиграа силно и си ја завршија работата.
Македонскиот репрезентативец со 17 поени беше меѓу најдобрите кај победниците, втор стрелец зад Броџиански со 20 кошеви. На домаќините залудни им беа 23 поени на Морган.
Хувентуд во следното коло гостува во Белград кај Партизан.

- Англијапред 16 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 13 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 11 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 17 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 15 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 12 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 9 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 11 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…