Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Хувентуд останаа без финале во лигата на Каталонија

Објавено

на

Хувентуд на нашиот Ненад Димитријевиќ не успеа да се избори за финале во лигата на Каталонија.

Вечерва клубот од Бадалона во еден интересен и возбудлив натпревар претрпе пораз од МораБанк Андора со 77-75. Хувентуд имаше свои моменти, особено блескаше во третиот период кој го реализираше во своја корист со 29-14, но тоа не беше доволно затоа што противникот во завшните десет минути возврати со 24-15 што беше доволно да се избори за победа.

Македонскиот репрезентативец имаше скоромен учинок од 4 поени, 2 асистенции и 3 скокови, додека најрасположен беше Томиќ со дабл-дабл од 22 кошеви и 11 скокови, меѓутоа и тоа не помогна за да Хувентуд се избори за триумф и финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни