Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Хувентуд не успеаја да ја изненадат Барселона

Објавено

на

Хувентуд на нашиот Ненад Димитријевиќ претрпе пораз од Барселона од 96-92 на првиот меч на завршниот турнир од АЦБ лигата што се одржува во Валенсија.

Клубот од Бадалона три четвртини беше во подредена улога за да во последниот период сериозно му се закани на фаворитот и дојде на минус два во самиот финиш, меѓутоа сила за нешто повеќе немаше и ќе мора на некои од следните натпревари да се обиде да ја промени ситуацијата и секако да слави.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ се најде во почетната постава на Хувентуд и за 26 минути на теренот реализираше 10 поени со 1 скок, 4 асистенции, ама имаше дури седум загубени топки со што беше најлош од играчите кога е во прашање таа категорија.

Соиграчот на Нено, Морган со 21 поен беше прв стрелец, додека кај победникот прво име беше Миротиќ со 16 кошеви, 5 скокови и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни