Димитријевиќ и Хувентуд „заспаа“ во последната четвртина и ја продолжија лошата серија на резултати

nenad

Тимот на Хувентуд за кого настапува нашиот Ненад Димитријевиќ доживеа нов пораз во првата шпанска лига и тоа во пресметката со Сан Пабло Бургос кој успеа да слави во Бадалона со 82-74.

Домаќините ја загубија првата четвртина со 23-19 за да следните две ги добијат со 18-15 и 26-17 што ги стави во поволна позиција пред завршните десет минути, односно со предност од осум поени (63-55).

Меѓутоа тука застанаа или подобро речено „заспаа“ во клучниот период и му дозволија на гостинот со 27-11 да направи комплетен пресврт и да се израдува на победата, трета во исто толку настапи сезонава во АЦБ лигата.

Димитријевиќ реализираше 6 поени со 3 скока и 2 асистенции. Прв стрелец пак беше Препелиќ со 21 поен, додека кај победникот Кларк реализираше 20 кошеви.

Ова за Хувентуд ако се земат настапите и во Еврокупот беше четврти пораз  или тоа значи дека овој состав се уште ја чека првата победа во кампањата.

Facebook Коментари