Димитријевиќ и Хувентуд по продолжението паднаа во Мадрид

neno tajm aut

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја продолжија негативната серија во шпанскиот шампионат и вечерва во драматичен меч во Мадрид загубија од Естудијантес по едно продолжение со 101-94.

Регуларниот дел заврши со 81-81 и тоа откако домаќините во четвртиот период надокнадија негатива од шест поени. Во дополнителните пет минути домашните играчи бодрени од своите навивачи успеаа да го надиграа противникот со 20-13 за шест сезонско славе во 14 натпревар.

Ландесберг со 33 кошеви беше најзабележителен лик кај победниците, додека Вејнс за гостите уфрли 23 кошеви. Димитријевиќ доби само пет минути на оваа средба за кои забележа 1 скок, 1 асистенција и 1 загубена топка.

Ова за Хувентуд беше трет пораз во серија и со учинок од 4-10 е на 15 место на табелата.

Facebook Коментари