Димитријевиќ и Хувентуд обезбедија пласман во Топ 16 фазата во Еврокупот

neno

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ќе играат во Топ 16 фазата во Еврокупот, пласман кој вечерва математички го обезбедија со триумфот над Уникс Казан во Бадалона.

Шпанскиот прволигаш славеше со 90-73 и тоа благодарение на подобрата, поангажирана игра на двете страните на теренот во вторите 20 минути кои ги реализираа со 46-26. Шест домашни играчи реализираа двоцифрен број на поени со тоа што најдобар стандардно беше словенечкиот репрезентативец Препелиќ со 15 кошеви.

Нашиот репрезентативец Димитријевиќ за 14 минути на паркетот даде 5 поени со 4 скокови, 4 асистенции и 1 украдена топка.

Кај гостите од Русија прво име беше Морган со 18 поени и 8 скокови.

Во завршната рунда од оваа фаза Хувентуд ќе се соочи со Цедевита Олимпија.

Facebook Коментари