Димитријевиќ и Хувентуд немаа среќа во финишот против Басконија

neno

Хувентуд на нашиот Нено Димитријевиќ загуби во драматична завршница на гостувањето кај евролигашот Басконија (87:86), а гостите од Бадалона не ги искористија своите шанси да стигнат до голема победа во АЦБ лигата.

Шенгелија постигнал тројка за да го доведе домашниот тим до минимално водство во последната минута, а Хувентуд подоцна не искористил два обида за реализација и на тој начин мораше да го прифати минималниот пораз во „Фернандо Буеса“.

Димитријевиќ постигнал 8 поени и забележал 3 асистенции за помалку од 15 минути на теренот, а најефикасен во неговиот тим бил Препелиќ со 20 поени.

Шенгелија со 19 и Џенинг со 16 поени ја предводеле Басконија до победата во шпанското првенство, прекинувајќи ја победничката серија на Хувентуд кој се уште има триумф повеќе од денешниот ривал.

Facebook Коментари