Димитријевиќ и Хувентуд не ја изненадија фаворизираната Уникаха

nenad zagrevanje

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ им се врати на клупските обврски, но тој и неговите соиграчи од Хувентуд не успеаја вечерва да направат изненадување на гостувањето кај Уникаха во Малага.

Евролигашот беше подобар во три од четирите периоди и на крајот славеше со 86-74. Недовиќ со 16 поени беше најдобар поединец кај победниците,  додека Кулвиетис на другата страна уфрли 17 кошеви.

Димитријевиќ доби само три минути на паркетот, имаше еден неуспешен удар за три поени, запиша еден скок и имаше две загубени топки.

Хувентуд со три победи и шест порази е во долниот дел на табелата во шпанскиот шампионат, во следното коло гостува кај Фуенлабрада.

Facebook Коментари